Амбициозен план за пласман на македонските вина во северна Европа, Русија и Украина најави македонската фирма Пикон Опус Инвесторс. За таа цел оваа фирма го ангажираше британскиот експерт Пол Јенц, кој престојуваше во еднонеделна посета на Македонија, при што ги посети сите македонски винарии. Време е Македонија повторно да се обиде да ја освои северна Европа со она што го прави најдобро – виното. Mакедонското вино има огромен потенцијал за извоз на пазарите на северот на континентот. Британскиот бизнисмен најави дека кон крајот на годината повторно ќе ја посети Македонија со екипа на британски новинари кои ќе развијат приказна за Македонија и македонското вино на британскиот пазар. Првиот човек на Пикон Опус Инвесторс, Тоше Коцевски истакнува дека извозните количини на вино ќе бидат наменети за ресторанска употреба во Европа и за во малопродажните канали во Русија и Украина.
Амбициозен план за пласман на македонските вина во северна Европа, Русија и Украина најави македонската фирма Пикон Опус Инвесторс.
За таа цел оваа фирма го ангажираше британскиот експерт Пол Јенц, кој престојуваше во еднонеделна посета на Македонија, при што ги посети сите македонски винарии.
„Време е Македонија повторно да се обиде да ја освои северна Европа со она што го прави најдобро – виното“ изјави Јенц, кој смета дека македонското вино има огромен потенцијал за извоз на пазарите на северот на континентот.
Британскиот бизнисмен најави дека кон крајот на годината повторно ќе ја посети Македонија со екипа на британски новинари кои ќе развијат приказна за Македонија и македонското вино на британскиот пазар.
Првиот човек на Пикон Опус Инвесторс, Тоше Коцевски истакнува дека извозните количини на вино ќе бидат наменети за ресторанска употреба во Европа и за во малопродажните канали во Русија и Украина.